Арсовска: Мицкоски да се грижеше за скопјани можеше да набави автобуси како Груевски

t

Да можеше градоначалникот да функционира без Совет, досега Градот Скопје ќе беше среден, истакна денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Со мене програмата ја гарантираа и 45 советници од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ветуваше нови автобуси, истакна Арсовска која додаде дека и Мицкоски како Груевски можеше да набави нови автобуси.

– Проблемот за ЈСП е комплициран, Владата има осум милиони евра долг кој не го плаќа, други години имало дотации од 15 милиони евра, сега четири години нема дотации од Влада и ние функционираме со зголемена цена на енергенси. Јас во овие години направив над 800 проекти, тоа што некој не сака да ги види и чуе, тоа што има градоначалници кои со 2% реализирана програма, а лажат дека имаат 90% реализација, тоа е нивна маана, а се им е перфектно и прекрасно и советот им ги гласа сите одлуки. Кога ќе ги прашате нив за оставка, можете да ме прашате и мене. Мицкоски можеше барем да набави нови автобуси како Груевски, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…