Неофицијално: Убијците мислеле дека убиениот носи злато во автомобилот

t

На паркингот пред трговски центар „Мавровка“ претпладнево е убиен скопјанец.

Неофицијално, се вели дека тој водел неколку бизниси, а полицијата сè уште не го соопштува неговиот идентитет.

Тројцата осомничени, наводно сите од Скопје, мислеле дека жртвата носи злато во автомобилот. Нападот наводно го извршиле за да го ограбат. Но, откако го убиле човекот и го зеле пленот од колата, виделе дека торбата е полна со алат за продажба, пишува „СДК.мк“.

Убиениот човек наводно имал фирма во близина на седиштето на Општина Аеродром, за продажба на разновиден алат за работа.

„Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. На подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне. Лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, уапсено е уште едно лице. На полицијата ѝ е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово наоѓање“ – соопшти МВР.

Мотивот за убиството е користољубие, според првите неофицијални информации.

МВР не открива како се уапсени двајца од тројцата осомничени, односно дали полицајците сепак ги раниле во престрелката.

И нивниот идентитет засега не се открива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неофицијално: Убијците мислеле дека убиениот носи злато…

На паркингот пред трговски центар „Мавровка“ претпладнево…

Две лица уапсени, едно во бегство по…

Денеска (20.08.2024) во СВР Скопје било пријавено…

СДСМ: Пандов и Меџити јасно ја лоцираа…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира…

Кривична пријава за Бојмацалиев за повреда на…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Хеликоптер на МВР фрли 130 тони вода…

Денеска (15.08.2024) хеликоптерот Ми-171 од Одделот за…