ПАДНА ЊУЈОРК ВО ДОЊЕЦК: Русите освоија клучнa населба на југот на Украина!
Руските сили тврдат дека го освоиле селото Ниу-Јорк во источна Украина како дел од нивното напредување во регионот на Доњецк, пишува Дејли Телеграф.
Министерството за одбрана на Руската Федерација тврди дека ја окупирале „една од најголемите населби во агломерацијата Торецк“, нагласувајќи дека станува збор за „стратешки важен логистички центар“.
Ниу-Јорк, познат и како Њујорк, се наоѓа јужно од Торецк, голем индустриски град кој стана фокусна точка на неуморниот напредок на Русија на источниот фронт.
Украинскиот генерал Олександр Сирски изјави во понеделникот дека Украина „прави сè што е потребно“ за да го заштити Торецк, откако Русија тврдеше дека го освоила блискиот град Зализне. Руската агениција РИА Новости потврди дека Русија го зазеде Њујорк или како што го нарекуваат Новгородско.
Тие наведуваат дека украинските власти го преименувале градот во Њујорк во 2021 година како дел од политиката на дерусификација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЧИНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: Шпанката Марија…
Марија Брањас, Шпанка родена во Америка, која…
ПАДНА ЊУЈОРК ВО ДОЊЕЦК: Русите освоија клучнa…
Руските сили тврдат дека го освоиле селото…
Државјанин на Швајцарија по потекло од Косово…
Заменик-претседателот на Владата на Република Србија и…
Хамас бесен поради изјавата на Бајден: „Тоа…
Хамас тврди дека е лага изјавата на…
Нападнати полицајци во два одделни случаи
Агресивно однесување, закани и напад на полицајци…