Левица: Со поддршката на Гаши, Мицкоски го поттикнува неговото дивеење
Најавата за еднаквост пред законите од партиите на власт е претворена во фарса пред варварското поведение од претседателот на Собранието, Африм Гаши, реагираат од опозициската партија Левица.
dobivaj vesti na viber
„Најавата на Мицкоски дека ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата е само поддршка за газењето на Уставот, кршењето на законите и злоупотребите на деловникот од страна на собранискиот спикер, кому сето ова му „успеа“ за пократко од 100 дена.
Збеснатиот Гаши смогна сили и непосредно по поднесувањето на интерпелацијата да направи нов скандал, одејки со службено возило и собраниско обезбедување на свадба во друга држава – дејствие проследено со блокирање на границата и овозможување нелегален нејзин премин од други возила; скандал, не помал од оној кога неговото обезбедување вадеше пиштол на полициски службеник.
Децидни сме дека Африм Гаши нема ниту углед, ниту интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и заради тоа бараме поддршка за интерпелацијата во седум точки:
1. Повреда на секуларноста на државата;
2. Повреда на дипломатските правила за обезбедување на ВИП – личности;
3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;
4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;
5. Повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите;
6. Повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам;
7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците!
Сметаме дека доволно е срушен угледот на државата за да се толерира овој варваризам! Повторуваме и потсетуваме дека стоиме на располагање и даваме бланко – поддршка на пратениците од ДПМНЕ за смена на Претседателот на Собранието и избор на нов собраниски спикер од нивната пратеничка група“, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Со поддршката на Гаши, Мицкоски го…
Најавата за еднаквост пред законите од партиите…
(Видео) Трајчулески: Бегството на Блерим Рамадани е…
Време е јавноста конечно да ја дознае…
Левица: Со поддршката на Гаши, Мицкоски го…
Најавата за еднаквост пред законите од партиите…
(Видео) Нови украински напади во Русија
Експлозии синоќа го потресоа рускиот град Калач-он-Дон…
Продолжува судењето за „Синџир“: Вешто лице сведочи…
Со сведочење на вешто лице на предлог…