Објавено на:

Ховениер: Дејствијата на Курти се одразија на квалитетот на односите меѓу САД и Косово

t

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер изјави дека САД остануваат посветени на помагањето на народот на Косово, и покрај „предизвикувачките“ дејствија на владата предводена од премиерот Албин Курти, кои, според него, „се одразиja на квалитетот на односите меѓу Косово и САД“, јави дописникот на МИА од Приштина.
По денешното потпишување на договорот за грант од 34,5 милиони долари за Косово од американската Агенција за меѓународен развој УСАИД, Ховениер во обраќање пред медиумите побара Владата на Курти да се врати на конструктивниот дијалог со САД и другите меѓународни партнери.

„Многумина од вас го видоа извештајот во медиумите за разликите меѓу САД и другите членови на меѓународната заедница со Владата на Косово во врска со некои дејствија што ги презема актуелната влада на премиерот Курти. Се соочуваме со одредени предизвици со актуелната влада на Косово кои се одразија на квалитетот на нашето партнерство. Како што порача и портпаролот на Стејт департментот претходно, владата на САД се надева дека Владата на Косово ќе се врати на тесен и конструктивен ангажман со САД, ЕУ, НАТО и другите меѓународни партнери на Косово“, рече Ховениер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ховениер: Дејствијата на Курти се одразија на…

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер изјави…

Грчки танкер нападнат во Црвеното Море, осомничени…

Танкерот „Сунион“ под грчко знаме бил нападнат…

Израел нареди евакуација на станбена зона во…

Израел нареди евакуација на станбена зона во…

Обезбедување на локал во Градскиот парк тепале…

Денес после 3 часот по полноќ 20-годишна…

Од следната година македонските државјани ќе плаќаат…

Седум евра ќе биде таксата што македонските…