Денеска се празнува Светиот апостол Матиј
Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на свети Симеон Богопримец во Јерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј беше приброен кон седумдесетте Христови апостоли, но по воскресението на Господа, бидејќи местото на Јуда кој Го предаде беше испразнето, апостолите со ждрепка го избраа Матиј за еден од Дванаесеттемина големи апостоли (Дела 1, 23). Откако Го прими Светиот Дух на Педесетница, Матиј појде на проповед на Евангелието и проповедаше најнапред во Јудеја, потоа во Етиопија, каде претрпе големи маки за Христа. Се смета дека проповедал и во Македонија, каде сакале да го ослепат, но тој станал невидлив за своите мачители и така ја избегнал опасноста. Кога се најде вo затвор, му се јави Господ, го укрепи и го ослободи. Најпосле повторно се врати на работа во Јудеја. Овде беше обвинет и изведен на суд пред првосвештеникот Анан, пред кого бестрашно сведочеше за Христа. Анан, оној истиот којшто претходно го уби апостолот Јаков, го осуди и Матиј на смрт. Тогаш светиот апостол Матиј го изведоа и го убија со камења, а отпосле му ја отсекоа главата со секира – ова беше римски начин на погубување на осуденици, а Евреите го применија врз мртов човек за да претстават пред Римјаните дека убиениот бил и противник римски. Така заврши овој голем Христов апостол и се всели во вечноста на својот Господ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…
Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…
Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан…
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие…
Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин,…