Зеленски во посета на граничната област за прв пат откако украинските сили влегоа во Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети украинско-руската граница во регионот Суми за прв пат откако украинските сили влегоа во Курск, погранична област на Русија.
За време на состанокот со врховниот командант на армијата, генералот Александар Сирски, Зеленски рече дека украинските сили зазеле уште една населба во рускиот регион Курск и заробиле повеќе руски војници за кои се надева дека ќе ги замени за заробени Украинци.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговата војска ја презела контролата врз селото Межове во регионот на делумно окупираниот украински Доњецк.
Претходно денеска беше соопштено дека при украински напад со беспилотно летало е предизвикан пожар во воен објект на југот на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…