Објавено на:

Холандската Влада забрани употреба на телефони на состаноци поради страв од шпионажа

t

Паметните телефони, таблетите и другите поврзани уреди, како што се паметните часовници, мора да бидат ставени во трезорот за време на официјалните состаноци, вклучително и неделниот Совет на министри. Заканата од шпионажа отсекогаш постоела. Електронски уреди, паметни телефони, iPad… сите тие се микрофони. Странските сили се заинтересирани да дознаат повеќе за холандските работи „и вие сакате да го спречите тоа“, изјави Шуф за јавниот радиодифузен сервис НОС.

Мерката е во сила откако тој ја презеде функцијата на почетокот на јули.

Премиерот додаде дека дозволува паузи за министрите да одат да си ги проверат телефоните.

Во претходната холандска Влада, паметните телефони беа забранети само кога се разговараше за одредени безбедносни теми, објави вчера холандскиот дневен весник АД.

Чувствителноста на Шуф за безбедносни и шпионски ризици не е изненадување. Пред да го преземе раководството на холандската Влада, тој беше најстариот државен службеник во холандското Министерство за правда и безбедност. Меѓу 2018 и 2020 година тој ги водеше и холандските разузнавачки служби. Пред тоа беше национален координатор на државата за борба против тероризмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се размислува за електронска наплата за патарините,…

Се размислува за воведување електронска наплата на…

Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…

Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…

На бебе со ножици му бил отсечен…

Сериозен случај е пријавен на Клиниката за…

Вучиќ: „Ќе се обидат да ме убијат,…

Александар Вучиќ денеска изјави дека новата власт…

Карни ја поддржа идејата за средба на…

Канадскиот премиер Марк Карни во средата даде…