(Видео) ДРЖИ СЕ ЗОКИ: „По 20 години кариера, сфатив колку Македонија ме сака, држете ми среќа“
Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци веќе неколку години води борба со опаката болест, но храбро и на нозе со својата препознатлива насмевка која и во најтешките мигови не ја трга од лицето.
Имено, Пред три години му бил дијагностициран агресивен вид на канцер кој бил во вид на израсток на ногата, по што му се направени две операции и бил подложен на хемотерапии.
Потребата од 15.000 евра колку што според првичните пресметки, ќе чинат испитувањата, операцијата и престојот во болницата, ја сплоти македонската јавност. Граѓаните со своите донации го приближија Зоки кон целосно оздравување.
А како почнало сѐ, тој вчера раскажа во емотивната исповед со јутјуберот Стефан Лазаров со кого имаат и заеднички поткаст, пишува „ММС.мк“.
„Чудни се патиштата господови. Сѐ почна пред три години кога бев во Катланово, таму имам куќа. Полевав цвеќе и носев апостолки. Се лизнав и вечерта ми излезе на ногата како топче. Мислев дека сум го зезнал мускулот, но излезе дека е сарком кој го извадија после четири месеци и беше 750 грама. Мислев дека тука заврши приказната, тоа беше мојата прва операција кај д-р Џонов на Клиниката за пластична хирургија“, ја почнува Зоки својата приказна.
Остатокот можете да го прочитате ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заболени од западнонилска треска расте,…
На денешната прес конференција, министерот за здравство…
(Видео) Претседател на албански клуб расфрли вреќа…
Првиот човек на Динамо Тирана, Ардиан Барди,…
Чешка нуди помош за решавање на спорот…
Чешка е подготвена да помогне во барањето…
Митески: Има заболени од западнонилска треска во…
Во Општина Аеродром има граѓани заболени од…
(Фото) Пациент од Охрид со владиниот авион…
Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се…