Додик: Република Српска никогаш немала план за сецесија
Република Српска никогаш немала план за сецесија, изјави денеска претседателот на Српска, Милорад Додик, и посочи дека веќе 10 години вели дека РС нема планови за отцепување, ниту некогаш имала.
-Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина во согласност со Дејтон. Имаме право на политичка борба. РС е решена да ја брани својата политичка автономија. Ако Босна и Херцеговина не е одржлива врз основите на Дејтон, тогаш не е никако. Подобро е да се разделиме мирно и да нема никаков судир. Немам намера да им објаснам на оние што не сакаат да го разберат тоа, дека нема план за сецесија, рече Додик на прес-конференција.
Тој напомена дека Република Српска останува на темелите на напишаното во Дејтон и ќе продолжи да се бори за него.
Додик посочи дека знае што се зборувало на средбата за време на посетата на директорот на ЦИА Вилијам Барнс на Сараево и дека на седницата на Претседателството на Босна и Херцеговина било кажано дека не се гордее со тоа како работат некои негови соборци на теренот.
-Тоа беше доволно за да препознаеме дека тој не поддржува некои активности, рече Додик.
Тој смета дека погрешно било претставено дека во БиХ дошла „бабарога“, посочувајќи дека Бернс е еден од разумните луѓе.
-Зборуваме за мудар човек, кој има животно и професионално, но и значајно политичко искуство. Јас ја поддржувам комуникацијата што ја имаа, рече Додик.
Тој рече дека на сите им е доста од приказната на Денис Беќировиќ за сецесијата и Додик.
Исто така, додаде, дека на средбата било кажано дека не се согласуваат со неговата политика, но разбираат дека некои позиции треба да се усогласат и да се разјаснат.
-Да бараа политичка пензија немаше да има, јас не сум човек што се повлекува, рече Додик и посочи дека за политичката пензија ќе одлучува самиот.
Кога станува збор за американските санкции, Додик изјави дека се бликирани сите финансиски операции на владата на домашен и на меѓународниот пазар и дека спроведува ригидна и насилна политика на елиминација кон поединци и компании, додека од друга страна во БиХ поради тоа има радувањер
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…