Објавено на:

РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ГИ ЕЛИМИНИРАА ИСЛАМИСТИТЕ ВО ЗАТВОРОТ – еден терорист се обидел да се разнесе со експлозивен елек

t

Ослободени се сите заложници земени во затвор во рускиот регион Волгоград, јавија светските агенции, повикувајќи се на каналот База на Телеграм, близок до безбедносните служби.

Специјалните сили на руската гарда јавија дека нивните снајперисти ги убиле четворицата затвореници кои киднапирале чувари во казнената колонија со висока безбедност ИК-19.

Сите заложници се ослободени, потврдија снајперисти на специјалните сили на руската гарда во Волгоградскиот регион.

Затворениците кои со нож земаа заложници во ИК-19 се идентификуваа како борци од групата Исламска држава, забележаа агенциите.

Акцијата траеше половина час.

Еден исламист наводно сакал да се разнесе со импровизиран експлозивен елек, но направата не експлодирала.

Затворениците од колонијата број 19 во Суровикин во регионот на Волгоград, според неофицијални информации, убиле тројца затворски чувари околу 12 часот по локално време додека држеле неколку вработени како заложници.

Непосредно пред упадот на специјалците, терористите објавија видео и изјавија дека сакаат да им се одмаздат на другите исламисти – вклучувајќи ги и напаѓачите на концертната сала „Крокус“ ​​во Москва!

– Сето ова го правиме заради Алах, заради воспоставување на шеријатот, заради браќата муслимани кои седат во Сирија… Сакаме да им се одмаздиме на браќата за сѐ што им направија после Крокус. Ова е одмазда за сите браќа муслимани – порачаа исламистите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…