Се врати топлото време, се вратија и пожарите – ова е дневниот биланс

t

Со престанокот на врнежите од дожд и враќањето на топлото време, пожарите повторно ни се вратија. Центарот за управување со кризи денеска информира за девет пожари, од кои изгаснати се шест, еден е под контрола, а два се активни.

Активни се пожарите во општините Долнени и Куманово, каде во атарите на селата Браилово и Јачинце гори сува трева и штала. На терен се по седум пожарникари од противпожарните единици. Под контрола е еден пожар во Демир Хисар, на Плакенска планина, над селото Вирово каде гори ниска вегетација и сува трева.

Изгаснати се пожарите кај село Горно Лисиче и кај стариот Римски аквадукт во Скопје. Во Гостивар изгаснат е пожарот на ѓубриштето кај Големиот пазар. Денеска гореше и кај Василево, Свети Николе и Струга каде горела сува трева и стрништа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…