Левица вели Маричиќ му продал на Анѓушев археолошко земјиште, тој демантира
Целосна невистина е пропагандата на Левица дека наводно јас „сум продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за фотоволтаици“, реагира поранешниот вицепремиер Бојан Маричиќ.
„Јас, ниту како министер за правда, ниту како вицепремиер за европски интеграции никогаш не сум имал надлежности за оттуѓување државно земјиште. Се злоупотребува тоа што јас сум претседавал со одредена седница на Влада, по налог на премиерот, на која седница оваа точка била на дневен ред.
Одлуките од овој карактер задолжително се носат со мнозинство гласови, како колективни одлуки на владата, но исклучиво после добиено позитивно мислење од сита надлежни институции.
Во овој случај, како што веќе известија медиумите, претходно позитивно мислење дале сите релевантни институции, а особено важно е што Националниот конзерваторски центар и Управата за заштита на културното наследство дале мислења дека нема културно наследство што е загрозено со отуѓување на оваа парцела.
Во вакви случаеви, оној кој претседава со седница на Влада има обврска да ја стави точката на дневен ред и да побара мислење од Владата.
Левица тера лажна пропаганда, Владата донела одлука врз основа на претходни позитивни мислења од сите засегнати институции, а јас како вицепремиер само сум ја водел таа седница на Влада, по налог на премиерот кој бил оправдано отсутен“, стои во неговата реакција.
Ексвицепремиерот Бојан Маричиќ продал археолошко наоѓалиште на бизнисменот Кочо Анѓушев за поставување на фотоволтаици и само Левица гласаше против, велат од опозициската партија.
„Приватната компанија поставила фотоволтаици над археолошкото наоѓалиште Градиште во Кавадарци, а за тоа добила зелено светло од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија. Станува збор за поставување на панели, како и копање на довод на површина на опфат од фрапантни 0,9 хектари заштитена зона (археолошко наоѓалиште) оттуѓено од Република Македонија со потпис на Бојан Маричиќ. Инвеститор е фирмата „Енерџи меинтененс солушнс“ (ЕМС), дел од конзорциумот „Фероинвест“, во сопственост на поранешниот вицепремиер на СДС, Кочо Анѓушев, управувана од Тодор Анѓушев“, соопшти Левица.
Според партијата, Општина Кавадарци, пак, во август, 2023 добила барање од фирмата (уште пред да го откупи земјиштето) за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на кабелски 10(20) кВ подземен вод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…