Ѓоковиќ им порача на Американците: Имавте среќа против Србија
Новак Ѓоковиќ за време на изложбените активности на УС Опен ја искористи приликата да им го честита златниот медал на Американците што го освоија на неодамна завршениот натпревар, но и да им порача дека имале среќа во полуфиналето против Србија.
Српските кошаркари освоија бронзен медал, а со нив златниот медал го прослави и Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас има голема почит кон „орлите“ и сака да ги следи, па не го пропушти мечот против Америка во полуфиналето.
Најдобриот на сите времиња едвај чекаше да пристигне во Њујорк за да го коментира тој дуел, полн со судиски грешки, пред Американците.
„Морам да им честитам на САД за златото, но имавте голема среќа во полуфиналето против Србија. Требаше да изгубите. Ве имавме, водејќи со 13 поени разлика влегувајќи во последната четвртина. Тогаш дрим-тимот покажа за што служи дрим-тимот. Но, ние сме горди на нашата кошаркарска репрезентација, отсекогаш сме биле. Тие се неверојатни. Кошарката е спорт број еден кај нас и е така со години. Традиција, историја, клупска и национална кошарка, сето тоа е одлично и ние сме многу среќни поради тоа“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот ас суптилно порача дека оваа бронза вреди колку злато и дека овој пораз во полуфиналето е голема лекција за српскиот тим.
Кога станува збор за златниот Новак, тој го игра првиот меч на УС Опен ноќта помеѓу понеделник и вторник околу два часот по полноќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…