Зеленски го унапреди врховниот командант на вооружените сили на Украина во генерал Сирски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го унапреди врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, во генерал, соопшти претседателството. Новиот чин му беше доделен со претседателски декрет од 23 август, објавен на веб-страницата на шефот на украинската држава.
Досега Сирски имаше чин генерал-полковник.
Западните агенции забележуваат дека Сирски (59) бил унапреден само неколку недели по ненадејниот упад на украинските сили во руската област Курск. Тие потсетуваат и дека Сирски е роден во 1965 година во Владимирската област во Русија и живее во Украина од 1980-тите. Тој беше назначен за врховен командант на вооружените сили во февруари.
Зеленски им додели и нов воен чин на началникот на Генералштабот на украинските вооружени сили и на командантот на обединетите сили на украинските вооружени сили. Началникот на Генералштабот Анатолиј Баргилевич е унапреден во чин генерал-полковник, а претходно беше генерал-мајор.
Командантот на обединетите сили, Андриј Гнатов, сега е генерал-мајор, а претходно беше бригаден генерал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот не му го врати пасошот на…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…
Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…
Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…
Морничава кампања на бугарската држава: Се повикува…
Оваа кампања ја тераат бугарските ботови, финансирани,…
МВР и Обвинителството истражуваат како Ива Михајлова…
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство…
МНР го повика бугарскиот амбасадор поради пречекот…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…