Ги фатиле со две канти бензин! Пожар во близина на охридскиот аеродром!

t

На 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и Р.Р.(23) од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин. Во полициска станица повикан е Р.Р а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги фатиле со две канти бензин! Пожар…

На 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР…

Тинејџери од Скопје фатени со дрога во…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(18),…

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…

Мотоциклист тешко повреден на патот Охрид –…

На 10.08.2024 година во 18.30 часот, во…