Во гаснење на пожарот на планината Мукос утре ќе се вклучат воздухоплови и припадници на Армијата и МВР

t

Во гаснење на пожарот на планинатата Мукос во Општина Чашка утре ќе се вклучат два воздухоплова и по 25-ца припадници на Министерството за внатрешни работи и на Армијата, како поддршка на  екипите на Национални шуми кои прават пресеци за да стопираат проширување, информираше попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Главниот штаб на ЦУК вчера во 18.50 часот добил информација за пожарот од концесионерот на ловиштето на планината Мукос со слика и локација. Утврдено е дека се работи за пожар кој бил активен од 6. до 18. месецов и бил целосно изгаснат.

-На барање на градоначалникот на Чашка за воздухопловна поддршка и дополнителен број човечки ресурси, Главниот штаб на ЦУК донесе заклучок утре во 06:30 часот да упати 25 припадници на МВР,  25 припадници на Армијата како и два воздухоплова за воздушна подршка на силите распоредени на терен. Денеска Национални шуми прават пресеци за да го ограничат пожарот да не може да се движи кон селото и манастирот Свети Никола, информира ЦУК.

Посочуваат и дека за пожарот немало пријава преку бројот за итни случаи 112 и Секторот за операции и коорднација на ЦУК.

На територијата во државава е активен пожар и во Општина Ресен, на планинатата Галичица, а под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во гаснење на пожарот на планината Мукос…

Во гаснење на пожарот на планинатата Мукос…

МВР поднесе кривична пријава за таткото на…

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и…

Петровска: Затворениците осомничени за убиството кај Мавровка…

Кога Мицковски зборува за политички глодари, треба…

Петровска: Дали МВР не ги соопштува иницијалите…

Пратеничката од СДСМ и поранешната министерка за…

ЈСП Скопје пријави измама во МВР: Краделе…

ЈСП Скопје утврди лажна вест со која…