Комити кон управата на Вардар и Миленко Неделковски: Рибата смрди од главата, последна опомена за управата!
Eкипата на Вардар по победата против Пелистер одигра уште еден слаб натпревар како и во првото коло, па претрпе пораз од Шкупи во Чаир со убедливи 3-0.
По натпреварот, бесни фановите на Вардар главниот проблем за оваа лоша игра на стартот од сезоната го вперија кон сегашната управа на ФК Вардар на чело со Миленко Неделковски.
Многу еуфорија се крена токму од Неделковски дека пред се новите странски фудбалери се ,,топ” за оваа лига и се големи засилувања за ,,црвено-црните”, но на теренот е нешто сосема спротивно. Вардар игра очаен фудбал. Нема креација. Нема никаква поврзаност во играта, а и кондициската подготвеност на играчите е на едно незадоволително ниво. Токму Неделковски донесе двајца кондициони тренери дури од далечната Аргентина, но засега физичката подготвеност на фудбалерите е под секој просек.
По убедливиот пораз во Чаир, со објава на социјалните мрежи се огласија и најверните навивачи на Вардар, популарните Комити вперувајќи го прстот директно кон управата на нашиот најтрофеен фудбалски тим.
„Рибата смрди од главата, последна опомена за управата“, објавија Комити.

Следното четврто коло Вардар ќе го дочека од претпоследното место на табелата, а во него ќе се соочи со Воска која во досегашните три натпревари освои еден бод и се наоѓа на дното.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судскиот совет и Здружението на судиите видоа…
Судскиот совет и Здружението на судиите на…
Августовски испитен рок за матура утре и…
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата…
Ахмети размислува за повлекување од политиката, сопартијците…
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ),…
Апелацискиот суд на САД дозволи илјадници тужби…
Апелацискиот суд на САД дозволи илјадници тужби…
Приведен велешанец во Охрид: 21-годишна Швеѓанка пријавила…
Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10…