Македонски државјанин загина во сообраќајка во близина на Кукуш во Грција
Македонски државјанин вчера попладне загина во сообраќајна несреќа што се случи на северот на Грција, во близина на Кукуш, информираат грчки медиуми.
Во сообраќајката, според грчки медиуми, загинал 55-годишен државјанин на Северна Македонија откако неговиот автомобил со кој се движел кон Кукуш вчера попладне, нешто по 17 часот, директно се судрил со друго возило управувано од 44-годишна жена.
На местото на несреќата, покрај полициските екипи, пристигнале и пожарникари кои го извлекле телото на 55-годишниот возач, кој веднаш бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.
Со другото возило управувала 44-годишна жена која се наоѓа на лекување во болница во Кукуш. Покрај неа, во возилото бил и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, кои сега се сместени во болница во Солун.
Засега не се познати причините за несреќата, но според најавите на грчки медиуми истрагата ќе ја врши Сообраќајната полиција во Кукуш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“
Хрватска внимателно го следи големото воено зајакнување…
Полска подготвува „предвоен закон“: Нов степен на…
Полското Министерство за национална одбрана подготвува нов…
Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Македонија заслужува…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Глобалните цени на земјоделските производи експлодираа –…
Цените на земјоделските производи на светските пазари…
Полска обновува засолништа од Студената војна: Во…
Полскиот град Лублин повторно стави во употреба…