Зошто ВМРО-ДПМНЕ не почне постапка за смена на спикерот Гаши ако постојано зборува за одговорно работење на функционерите, вели Филипче

t

Зошто ВМРО-ДПМНЕ не почне постапка да се смени собранискиот спикер, во контекст на сите нивни најави и изјави за одговорно работење на кој било функционер, поставен на која било позиција. Ова денеска го посочи лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче од Струмица, одговарајќи на новинарско прашање дали пратеничката група на СДСМ заедно со коалицијата ќе ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Во текот на оваа недела, Филипче најави дека ќе имаат координација со пратеничката група, дека ќе замемат став, по што ќе ја известат јавноста.

„Секојдневно слушаме како премиерот зборува за одговорност, за одговорна работа. Министерството за внатрешни работи детектираше, а тоа го стави и на писмен документ, несоодветно однесување, неправилно постапување на собранискиот спикер. Со тоа, падна во вода ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за одговорно владеење“, вели Филипче.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека не верува оти ќе помине интерпелацијата на собранискиот спикер Гаши, со кого припаѓаат на опозициските партии на Албанците, дел од коалицијата „Вреди“.

„По тоа што слушам не верувам интерпелацијата дека ќе помине. Поголемите партии, што се во владата во мнозинството нема да ја изгласаат. Ќе биде неуспешно, но ќе имаат шанса за спектакл тие што се опозиција“, рече Таравари.

На 3 септември во Собранието е закажана пленарна седница на која е ставена на дневен ред Интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесена од пратениците на Левица.

Интерпелацијата е заснована на седум точки, образложени на десет страници. Во барањето за интерпелација се наведува дека спикерот Гаши уште од почетокот на неговото назначување работи своеволно, нестручно, несовесно и непрофесионално и згора на сѐ противзаконски неуставно и неделовнички.

СДСМ бара итна смена на собранискиот спикер Африм Гаши, Левица му поднесе интерпелација

Итна смена на Гаши по инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка во кој учествуваше неговиот шеф на обезбедување кој доби кривична пријава и отстранување од работното место, побараа и од СДСМ.

„Вреди“: Интерпелацијата за Гаши е обид да се предизвика политички земјотрес и да се стави на тест владиното мнозинство

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека не е потребна смена на собранискиот спикер, а обвинувањата од опозицијата ги оценуваат како обиди „да се ќарат политички поени“. Интерпелацијата за Гаши, според „Вреди“ е обид да се предизвика политички земјотрес и да се стави на тест владиното мнозинство.

По бројните критики и обвинувањата дека користи службено возило и службено обезбедување на приватно патување на свадба во Косово, спикерот Африм Гаши во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека таквите критики биле отпор да се прифати еден поинаков профил на претседател на Собрание кој по 22 години промовира различни вредности од тоа што било претходно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска подготвува „предвоен закон“: Нов степен на…

Полското Министерство за национална одбрана подготвува нов…

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Македонија заслужува…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…

Глобалните цени на земјоделските производи експлодираа –…

Цените на земјоделските производи на светските пазари…

Полска обновува засолништа од Студената војна: Во…

Полскиот град Лублин повторно стави во употреба…

Британскиот премиер вели дека размислуваат за повторно…

Британскиот премиер Енди Бурнам најави дека ќе…