Левица: Ситно – политичките размислувања го дотолчуваат високото образование
Место да вложува во образованието, Владата на ДПМНЕ и ВРЕДИ ги намали средствата за научно – истражувачка дејност. Ова се потврдува со Програмата за изменување на Програмата за научноистражувачка дејност за 2024 година, донесена од новата Влада, а стапува на сила од 24. август 2024, велат од Левица.
„Македонските истражувачи го постигнуваат максимумот во условите во кои работат, а Владата место да ги стимулира, крати онаму каде што е тенко. За дополнително профилирање на македонските научници и кадри во високото образование, а со тоа и создавање предуслови за високо рангирање на македонските универзитети на ,,светските листи”, потребни се што повеќе трудови во највлијателните и најсилните списанија. Такви резултати може да се очекуваат само ако системски се вложува во современа опрема и во кадарот и, секако, ако се вложува во меѓународната соработка – нешто за што и оваа власт, очигледно, нема слух.
Падот во квалитетот на високото образование кое го испорачува државата е последица на ситно-политичките размислувања на владејачките елити!Годините претходно проследени со непотизам, коруптивни скандали и клептократија, како и премалите буџети за образование и наука го испорачуваат цехот, чија колатерална штета ја плаќаат младите, но и иднината на државата.
Сведочиме за потребата на младиот човек од квалитетно образование. Ова е една од основните причини поради која студентите се почесто се запишуваат на универзитетите надвор од Македонија. Несомнено, девастираното образование е еден од клучните фактори кои го принудуваат младиот човек да ја напушти државата!
Освен образовниот процес, студентите се оставени да живеат во домови кои немаат елементарни услови, моментално под закана дека ќе им биде укинат бесплатниот превоз, а потсетуваме дека минатата година Владата се обиде да им го одземе и оној премал додаток за студентски оброк. Образованието има потреба од итна и сеопфатна реформа, но и изработка на национална стратегија за која се залага Левица! Македонија има капацитети кои не се искористени. Убедени сме дека како земја поседуваме одлични кадри кои можат да го предадат своето знаење, стручност и вештина, но и да придонесат за целосно унапредување на образовниот систем.
За жал, наместо воведување на меритократски ситем во образованието и насочување на најдобрите кадри во добробит за студентите и државата, партизираната држава создадена од ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, преферира да користи поинакви методи, кои дефинитивно се покажаа како погубни за образованието, но и севкупно за државата“, велат од партијата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…
Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…
Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…
Морам да напоменам дека обраќањето не беше…
Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…
Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…