Бензините поевтинуваат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 % во однос на одлуката од 23.8.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,125 ден/кг и сега ќе изнесува 45,170 ден/кг.
Од 27.8.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,170 (денари/килограм)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СО БЕНЗИН ГО ПАЛЕЛЕ „ЈАСЕН“: Притвор за…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Поскапуваат бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…
Добра вест: Од полноќ се намалува цената…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…
Кутри Германци, се жалат: Цените на бензинот…
Во Германија последниве неколку денови драстично се…