Објавено на:

Моди до Путин: Индија е посветена на рано, одржливо и мирно решение на конфликтот во Украина

t

Индискиот премиер Нарендра Моди телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји и конфликтот во Украина.

„Разговарав со претседателот Путин денеска. Разгледавме мерки за дополнително зајакнување на посебното и привилегирано стратешко партнерство. Разменивме мислења за руско-украинскиот конфликт, ги пренесов заклучоците од мојата неодамнешна посета на Украина. Ја потврдив цврстата посветеност на Индија да поддржи рано, одржливо и мирно решавање на конфликтот“, напиша Моди на социјалните мрежи.

Во исто време, Кремљ објави дека Путин презентирал принципиелна оценка за деструктивната позиција на властите во Киев и нивните западни спонзори и ги потсетил на клучните руски позиции кога станува збор за решавање на конфликти.
Да потсетиме, индискиот премиер пред неколку дена го посети Киев, каде ги повика Русија и Украина да соработуваат за излез од кризата и истакна дека е подготвен лично да придонесе за прекин на конфликтот.

„Двете страни мора да седнат заедно и да најдат излез од оваа криза. Сакам да ве уверам дека Индија е подготвена да игра активна улога во секој обид за постигнување мир. Ако можам лично да придонесам, би сакал да го направам тоа“, рече Моди за време на средбата со Владимир Зеленски во Киев.

Индиската телевизија NDTV објави дека Моди ја остварил својата прва посета на Украина по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу земјите во 1992 година.

Претходно, Моди ја посети Москва на 8 и 9 јули, кога разговараше со рускиот лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски генерал ќе застане на врвот на…

Германија добива една од најважните воени позиции…

Ормут сè уште далеку од нормала –…

Еден од најважните водни патишта на планетата…

Во Хелсинки едногласно усвоена Резолуцијата на Македонското…

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на…

Русија и Западот на чекор до војна:…

Франција можеби веќе спроведува конвенционални воени одговори…

СВР Скопје санкционираше лице за фрлање отпад…

– СВР Скопје санкционираше лице за фрлање…