Кристијано Роналдо ќе добие специјално признание од УЕФА
Европската куќа на фудбалот на ждребот за новата сезона во Лигата на шампионите ќе му додели специјално признание на Кристијано Роналдо за се што направи низ годините со настапите во Лигата на шампионите.
Признанието на португалскиот ас ќе му го додели лично првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Роналдо во Лигата на шампионите постигна 140 гола со кои е најдобар стрелец, а дури седум сезони завршуваше како најдобар стрелец. Ќе се памети сезоната 2013/2014 во која успеа да постигне дури 17 голови, ниту еден друг фудбалер не постигнал повеќе во една сезона.
Трофејот во најелитното европско натпреварување го освои еднаш со Манчестер Јунајтед (2008 година) и уште четири пати со Реал Мадрид (2014, 2016, 2017 и 2018).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВИДЕО:Фантастичен гол на Кристијано Роналдо
Кристијано Роналдо ја потврди својата класа во…
Роналдо е најплатениот спортист во светот
Познатиот американски спортски портал Sportico ја објави…
Кристијано Роналдо ќе добие специјално признание од…
Европската куќа на фудбалот на ждребот за…
Го прашаа Ибрахимовиќ, кој е подобар, Меси…
Златан Ибрахимовиќ, легендата на Милан и консултант…
УЕФА отвори истрага против фудбалерот Мирлинд Даку…
Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку се наоѓа под…