Денес по кусо боледување почина новинарот Менде Младеновски

t

Денес по кусо боледување почина Менде Младеновски (1955-2024), долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“.

Тој придонесе многу во македонското новинарство, а меѓу колегите ќе остане запаметен како голем професионалец во новинарството кој целиот свој работен век му го посвети на „Битолски весник“.

Менде беше долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ и секогаш се залагаше за почитување на највисоките професионални стандарди во новинарската професија воопшто. Остана активен во новинарството до последните денови. Колумните на Младеновски се поместени во неговите авторски книги „Во прво лице“, во кои ги изнесуваше своите видувања и анализи за актуелните национални, регионални но и локални теми.

За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди и посебни признанија од Здружението на новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…