Киев под „масовни напади“ од Русија
Трет руски напад врз Киев за четири дена. Одбраната на Украина соборила над 10 беспилотни летала над градот. Возврати со удар врз Белгород. Руските власти потврдија дека има жртви и повредени. Трупите на Киев напредуваат во Курск, руските сили во правец на Покровск.
„Во Покровск е исклучително тешко, најголемите руски сили се концентрирани таму, а нашата отпорност да го уништиме окупаторот сега е многу важна. Во областа Курск ја прошируваме контролата. Продолжуваме да инсистираме дека укинувањето на ограничувањата за ударите на долг дострел сега – ќе ни помогне да ја завршиме војната поскоро“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Киев допрва ќе плаќа за својата авантура во Курск – се закани рускиот претставник во ООН.
„Во отсуство на резерви што украинските вооружени сили ги префрлија во Курск, руските трупи сега ги ослободуваат последните упоришта што украинците ги зајакнуваа и ги држеа од 2014-та. И тоа е само почеток. Украина добро ќе ни плати за „авантурата Курск“, изјави Дмитриј Пољански, заменик на постојаниот претставник на Русија во ООН.
Сојузниците се плашат да усвојат нова политика на поддршка за Украина поради стравот од ескалација.-вели шефот на украинската дипломатија. ЕУ го засилува притисокот врз меѓународните поддржувачи на Киев да ги укинат ограничувањата за употребата на оружјето и да им дозволи да напаѓаат цели во Русија. Во Брисел-неформален состанок на министрите за надворешни и одбрана на ЕУ.
„Сигурен сум дека ќе ни објасните зошто треба да ги укинеме ограничувањата. Во текот на летото давав изјави со кои ја поддржувам оваа одлука-Оружјето што и го даваме на Украина треба да има целосна употреба, во спротивно е бескорисно“, изјави Жозеп Борел, висок претставник на Европската унија.
„Едно од отворените прашања на нашата агенда е дозволата Украина да напаѓа легитимни воени цели во длабочините на Русија. Тоа значително ќе го намали капацитетот на Москва. Затоа оние кои ќе ја обвинат Украина дека не е доволно успешна, треба да запомнат дека успехот на Русија зависи од една работа-од подготвеноста на партнерите да донесуваат храбри одлуки“, изјави Димитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.
Истовремено НАТО ја потврди својата посветеност за зајакнување на одбраната на Украина, додека Британија и Германија истакнаа дека нема нови одлуки во однос на користењето на оружјето од Западот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…