Објавено на:

Роднини на киднапираните Израелци во текот на протест се обиделе да ја минат границата со Газа

t

Некои роднини на заложниците кои организираа протест во близина на границата со Газа ја пробија безбедносната ограда и се обидоа да влезат подлабоко во палестинската енклава кај своите најблиски, соопшти Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите лица. Тие исто така објавија дека ги послушале барањата на безбедносните сили и се вратиле во Кибуц Нирим каде што бил организиран собирот.

Форумот соопшти дека и по 11 месеци неуспешни молби, израелските власти не успеале да обезбедат сеопфатен договор за заложниците кои членовите на Хамас ги држат 328 дена во тунели и скривалишта во Газа.

Преговорите меѓу Израел и палестинскиот Хамас не успеаја да доведат до договор ниту за прекин на воената кампања на Израел во палестинската енклава ниту за ослободување на преостанатите заложници киднапирани од палестинските милитанти во нападот врз Израел на 7 октомври минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…