Си Џинпинг: Кина и САД треба да бидат извор на сигурност за светски мир
Кина и Соединетите Американски Држави треба да бидат извор на сигурност за светски мир и придвижувачи на заедничкиот развој, кажа кинескиот претседател Си Џинпинг на состанокот со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен, пренесуваат агенциите.
„Кинеската посветеност на стабилен, здрав и одржлив развој на кинеско-американските односи останува непроменета“, кажа Си.
Кинескиот претседател го прими денес во Пекинг советникот за национална безбедност на Белата куќа кој од вторникот е во посета на Кина. Тоа е првиот американски советник за национална безбедност кој ја посетил Кина од 2016 година.
Тие осум години се период во кој односите меѓу Вашингтон и Пекинг се напнати поради трговски и безбедносни проблеми. Како што јавува Франс прес, Си му кажал на Саливен дека кинескиот ангажман за „здрави односи“ со Вашингтон „останува непроменет“.
Саливен претходно се сретнал и со кинескиот генерал и потпретседател на Централниот воен одбор Жанг Јусија, како и со шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји.
Како што пишува германската агенција ДПА, средбата со генералот Жанг може да биде знак за приближување на Кина и САД. Жанг кажа дека состанокот ја покажува високата почит на Саливен за односите меѓу американската и кинеската војска.
Како советник на американскиот претседател Џо Бајден, Саливен игра клучна улога во формулирањето на американските безбедносни стратегии и координацијата на политиката кон Кина, додаде Жанг.
Централниот воен одбор е највисокото кинеско воено тело за носење одлуки, а со него претседава кинескиот претседател. „Двете страни повторно ја потврдија важноста на редовната комуникација меѓу војската и напорите за одржување дипломатија на високо ниво и отворени линии за комуникација според упатствата на претседателите Бајден и претседателот Си на самитот во Видсајд во ноември 2023 година“, соопшти Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…
Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…