Трајановски: Политичките субјекти остануваат во ровови и работат против интересот на скопјани
Мене ми е жал што и понатаму сите политички субјекти остануваат во своите ровови и наместо да одлучуваме во интересот на граѓаните, остануваме да ги застапуваме партиските интереси на штета на граѓаните, истакна на денешната седница на Советот на Град Скопје, советникот Александар Трајановски.
– БРТ системот е фаза, проект предвиден да се изведува во неколку фази, Една од фазите е изведба на двете главни траки, во втората фаза се предвидува набавка на 60 нови еколошки автобуси за ЈСП. Жал ми е што никој од Вас не отворил да го прочита проектот и кажуваме дека бил договорен во четири очи во некоја канцеларија, а сепак е поддржан од една сериозна европска институција.
Дополнително, ќе ви кажам за жал дека во Африка првата фаза на БРТ е изградена во 2019 година. Ние не можеме да го следиме ни темпото на развој на Африка.
Зборуваме за студии во фаза кога веќе се доделени средства од сериозна институција за рњализација, ние можеме да правиме студии, да ја почитуваме желбата на ВМРО-ДПМНЕ да не ја гласа оваа одлука, истата советничка група која смета дека БРТ не е добар…
Целиот проект е јавно достапен, на македонски, на аглиски, можете да прочитате кога сакате, вели Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…
Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…