(Во живо) ВМРО-ДПМНЕ одлучи: Одете пешки и по пеколни температури и по снег, нови автобуси НЕМА!

t

Нови автобуси нема, одлучија советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје каде денеска не ги гласаа ниту одлуките за Брз рапид транзит, ниту за набавка на нови еколошки автобуси на ЈСП.

Градоначалничката на Град Скопје денеска ги замоли советниците доколку имаат забелешки на предлог-одлуката да поднесат амандмани, за да се направат потребните измени.

– Би сакала денеска да разговараме за што е она што е клучно, видовме дека одлуката за БРТ не беше изгласана. Сега пред вас е одлуката за набавка на нови автобуси. Ни требаа само 20 месеци да се гласа оваа одлука, да кажете дека не сакате кредитно задолжување туку финансирање од сопствени средства, дека не ви е по ќеиф. Денеска по вторпат пред вас е одлуката за набавка на еко-автобуси на којашто повторно има забелешки и некој не сака да ја гласа.

Побаравте да биде од сопствено финансирање, сега барате и конкретен извор. Јас ви дадов можност да одберете банка, да изготвите спецификација, да оформите комисија и слично, сѐ да направите вие, а јас само да ја потпишам таа јавна набавка. За да повеќе нема оправдувања, јас од оваа говорница нема да се тргнам сѐ додека не кажете каква одлука сакате, ќе ги прифатам сите амандмани, подготвени сме да направиме ребаланс на Буџетот. Тоа е единствениот начин денеска да знаеме кој сака да се реши проблемот со јавниот превоз во Град Скопје, а кој не. Скопјани ова не го заслужуваат, пред вас имате предлог-одлуки и програми кои не се гласаат веќе осми месец, а никој нема забелешки за нив. Ако има забелешка се дава амндман, кажете што не чини за да се корегира. Ќе седиме 24 часа тука, ќе работиме и ќе ја завршиме документацијата онака како што на вас ви одговара.

Средствата за паушалот за советниците се зголемил од 500 на 600 евра со порамнувањето, значи денеска за да дојдете и гласате тука земате 600 евра. Имате мнозинство, очигледно е тоа и денеска јас би сакала да покажете пред граѓаните, затоа што убаво ве замоли вашиот претседател на партијата да гласате, да гласате. Сите ќе седиме тука за да ни кажете забелешки, да донесеме и ребаланс ако треба и да оваа одлука се промени како што сакате за да вие ја гласате и да видат граѓаните кој е тука за да им ги реши проблемите, а кој е тука за да прави проблеми.

Ако не гласате излезете и кажете им на граѓаните да чекаат на 40 степени надвор затоа што не се набавуаат нови автобуси. Едноставно е, во Белград секоја година се набавуваат нови автобуси. Консултирајте се и кажете како сакате да се промени оваа одлука за да се изгласа денеска. – истакна Арсовска која додаде дека денешните дискусии на сединцата се играње мајтап со јавноста и граѓаните на Скопје.

– Претседателе, со тоа дека сте суверени завршивме кога претседателот кажа дека ќе Ве замоли да дојдете тука и да си гласате. Второ, 22 месеци требаа за да кажете дека предлог-одлуката која се доставува не ви е по ќеиф. Да кажевте првиот месец, првиот месец ќе ја изменевме па ќе имавме три Буџети пред себе за да можеме да определме средства коишто ви одговараат.

Денеска терате мајтап со јавноста и со граѓаните со тоа што зборувате дека ние да доставиме одлука, па суверено право било каков амандман ќе сте поднеле, досега амандмани сме виделе само за блокада, не за конструктивност.

Ако не сакате да кажете зошто не гласате, нема друго објаснување освен дека вие сакате граѓаните да седат и да чекаат надвор на 40 степени по еден час, затоа што нема нови автобуси и не знам од која причина вам тоа не ви е опортуно. Целата македонска јавност зборува дека целосна блокада правите на Градот Скопје против интересот на граѓаните. Нешто што сте ветиле во програмата можете да го избегнувате во недолгед, ги кажавте причините зошто не гласавте, ве замолувам како човек кој има капацитет, бил министер за финансии и знае како треба да се измени една одлука, кажете вие што треба да се смени во оваа одлука и да ни кажете какви средства ви требаат. Ние ви кажуваме дека средства имаме за да ја отпочнеме постапката, кажете како и што сакате, ние тоа ќе го реализираме. 22 месеци по ред овие граѓани патат затоа што вие не гласате. Кажавте дека имате искрени намери, еве направете чекор и кажете што да напраивме. -рече Арсовска.

Претходно Мицкоски по средбата со Арсовска, по која призна дека ВМРО-ДПМНЕ со години го блокираат Градот Скопје, вети дека ќе ги замоли советниците да ја гласаат одлуката за набавка на нови автобуси и блокираните програми за работа на јавните претпријатија.

ЛИНК од седницата во живо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) ВМРО-ДПМНЕ одлучи: Одете пешки и…

Нови автобуси нема, одлучија советниците на ВМРО-ДПМНЕ…

Септемвриската пензија ќе биде зголемена само за…

Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе…

(Видео) Во Скопје не смеат да победат…

Во Скопје не смее да се гласат…

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Македонски Брод за…

Продолжува кадровскиот хаос на Владата предводена од…

Членството врие: При толку чесни и образовани…

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ остро реагираат на потезите…