Објавено на:

Трагедија во Србија: Татко со нож го избодел синот, па се обесил, ранетото момче искрварило додека се обидувал да се сокрие од својот татко

t

СветТрагедија во Србија: Татко со нож го избодел синот, па се обесил, ранетото момче искрварило додека се обидувал да се сокрие од својот таткоAvatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 29/08/2024Почина бремена жена во Србија, семејство слета во кањон длабок 100 метри
Ф.Д.(20) од Крушевац почина откако, како што се сомнева, татко му го избодел со нож, а татко му потоа се самоубил.

„Пред два дена во близина на перална во Крушевац, пронајден е младиот човек Ф.Д. (20) со убодна рана и за жал без знаци на живот. Брзата помош можела само да констатира смрт на младиот човек, со оглед на тоа што тој искрварил до смрт“, вели изворот, додавајќи дека набрзо се испоставило дека смртните повреди на младиот човек ги нанел сопствениот татко по жестока расправија.

Според изворот, таткото со нож го нападнал својот син во семејната куќа каде што живееле.

„Ранетиот млад човек по повредата побегнал од куќата и за жал починал на местото каде што се сокрил од својот татко насилник. Кога дознал дека неговиот син починал, таткото си пресудил. Сцените беа страшни, го најдоа обесен“, додал изворот.

Телата се испратени на обдукција, по што ќе се знаат повеќе детали, а она што засега е познато е дека досега немало пријави за насилство во ова семејство, каде сега се случила двојна трагедија.

FacebookTwitterWhatsAppShare

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше…

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти…

Прометот во индустријата во август 2026 година…

Ројтерс: Наредбата за ограничување на Starshield за…

Одлуката за ограничување на пристапот на Украина…

САД подготвуваат план за употреба на „мајката…

Белата куќа подготвува планови за можна употреба…

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…