СКАНДАЛОЗНО: „ЈАДЕВМЕ СКАПАНА ХРАНА, РАБОТЕВМЕ ВО ПЕКОЛ, ДОБИВАВМЕ ЗАКАНИ ОД КФМ – И ПАК ОСВОИВМЕ ЗЛАТО“
Селекторот Горан Андреевски ова лето со многу успех ги водеше македонските јуниори (У-18) до титулата во „Б“ конкуренцијата на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ одиграа 8 натпревари и остварија 8 победи.
Сепак, Андреевски за порталот Sport1.mk открива шокантни информации за условите кои ги добиле од КФМ, заканите со кои се соочувале…
„Не ми е јасно зошто иако како домаќини можевме да избираме, цело време трениравме и најголемиот дел од средбите ги игравме во Кале, каде што климата не постигнуваше и беше ‘милион степени’ што дополнително ги исцрпуваше кошаркарите. За разлика од ‘Борис Трајковски’, која беше целосно климатизирана и каде што ќе имавме врвни услови. Но, некој како да сакал да немаме добри услови и дека треба да се потиме во пеколот. А, можевме да бираме и место и термин кога ќе играме. Истото се однесува и за хотелот во кој бевме сместени за време од првенството – од трите понудени некој ја смести Македонија во убедливо најлошиот. А организатори беа луѓето од КФМ. Зошто тоа беше така – не знам“
Уште не ми е јасно зошто нѐ сместија во најлошиот хотел, каде што храната беше ужасна. На мојата реакција до КФМ ми рекоа да не се грижам и дека сѐ ќе се среди, ама остана само на празни зборови. Тоа што најважно за млади момчиња во тренажен процес, како месо, зеленчук и овошје, како и да го немаше. Слободно тврдам дека нашите кошаркари за зеленчук и овошје ги добиваа скапаниците, да не кажам ѓубрето што останува на пазарите на крај од работниот ден“, искрен е Андреевски.
Најголеми притисоци имав од спортскиот директор Марјан Србиновски, кој се мешаше буквално во сѐ. Ништо не можеше да помине во репрезентациите, а да нема негов амин. Тој се противеше на моето именување на селектор, но не успеа да го спречи тоа. Затоа уште од самиот почеток имавме притисоци за одредени деца кои мораа да бидат на списокот со негова наредба. Дури имав и наредба дека мора да земем двајца играчи да тренираат со нас на стартот од подготовките. Потоа имавме и други поситни притисоци, за кулминација на неговото самоволие да дојде за време на престојот во Негорски бањи, каде што еден од нашите плејмејкери беше повреден и јас сакав да го сочувам и да не настапи на турнирот во Гевгелија. Но, тоа не беше мислење на Србиновски, кој потоа на дрзок начин ми објасни дека играчот е проект на федерација и дека тој мора да игра. Дури ми се закани со зборовите ‘Дали сакаш да ти дојдам сега таму, па да видиш што ќе биде’. Јас не го послушав бидејќи не сакав да ризикувам со него на пријателска средба, што во пракса мојата одлука се покажа исправна. Но, не можев да преминам преку таквиот безобразен однос на директорот, недоличен за него, но и за тој што го ставил на функција“, разочарано вели селекторот.
ЦЕЛОСНОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://sport1.mk/…/jadevme-skapana-hrana-rabotevme-vo…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…