Зулбеари вели дека имал вистинска, а не фалсификат диплома од Универзитетот во Приштина
Новоназначениот в.д директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово демантира дека неговата диплома од Универзитетот во Приштина е фалсификат. Како што вели Седат Зулбеари дипломата од Приштина е вистинска.
– Ги демантирам сите клевети и обвинувања објавени денеска во медиумите во врска со мојата диплома. Тоа е тема која беше разјаснета во минатото, но се чини дека некој се храни со нешто непостоечко. Јас тогаш кажав, и сега кажувам, мојата диплома на Универзитетот во Приштина е оригинална. За ова има решение и во ОЈО Куманово од 12.05.2020 година, кое е донесено на оваа тема.
Сите кои се хранат со вакви клевети и обвинувања наскоро ќе се соочат со мене на суд! Средствата што ќе ги заработам ќе ги поделам за да купам лекови за децата на кои им требаат, а не можат да ги купат. – вели Зулбеари.
Инаку МВР во 2019 година поднела кривична пријава за Седат Зулбеари за фалсификување на диплома од Универзитетот во Приштина каде дипломирал како професор по математика.
– Според информациите на МВР, С.З.(51) од Куманово набавил фалсификувана диплома од универзитет во Приштина со која се стекнал со квалификација „професор по математика“. Дипломата ја употребил во општинското основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил договор за работа и засновал работен однос на определено време.
До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од буџетот на РС Македонија, во износ од платите што му биле исплаќани од 1.12.2011 до 5.05.2017.
Против него е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“. – стои во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…
Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
Касами: Не сме за предвремени избори, но…
Градоначалникот на Тетово и еден од ко…
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА
Партијата што го посеа коцкањето во секое…