БОРА ЧОРБА СЕ БОРИ КАКО ЛАВ: Конзилиумот секојдневно се состанува за здравјето на рокерот, а еве каква е неговата моментална состојба
Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“ веќе неколку дена е во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде лекарите даваат се од себе за да му помогнат на рокерот да се избори со болеста.
Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, клиничкиот совет заседава секое утро и одлучува што може да се направи за подобрување на здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ.
Според последните информации со кои располагаат, состојбата на Бора е уште сериозна, па поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест е интубиран. Со соодветни терапии, лекарите даваат се од себе за да ја подобрат здравствената состојба, особено на бубрезите и црниот дроб.
Да потсетиме, Бора Ѓорѓевиќ беше примен во болница поради компликации со белите дробови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…