Училишниот прибор со „изгор“ цени – Само за еден ученик потребни околу 100 евра
Родителите „на готовс“ за традиционалните трошоци кои ги носи стартот на учебната година. На социјалните мрежи и низ форумите споделуваат дека месец септември е особено тешок за домашниот буџет со оглед дека стартува учебната година, се подготвуваат зимници, а кај и да ќе почне и грејната сезона.
Со оглед дека цените се во постојан пораст, исклучок не е ниту училишниот прибор. Така, родителите споделуваат дека за еден ученик само за прибор треба да одвојат околу 50 евра.
– Денес не може гума за бришење да се најде од 10 денари. Тетратките се по 50 денари, моливите 20 денари, боиците над 150 денари. Така за само еден ученик ќе треба да се одвојат од 2.000 до 3.000 денари само за прибор кој ќе им биде потребен, споделува една мајка.
– Цените на футролите се многу високи. Каков и да е бренд футролата сепак на крај е ишкртана, коментира една мајка која вели дека потребни се и папки, како и повеќе видови на боици и прибор по ликовно образование.
Родителите велат дека освен прибор, потребни се и патики за физичко образование, шише и кутија за храна за оние кои носат храна од дома, како и пари за оброк.
– Освен облека и ранец доколку немате од минатата година, потребни се нови патики по физичко, со оглед дека на децата бргу им расте ногата, споделува еден родител кој вели дека и патиките чинат со оглед дека треба да се квалитетни за да детето комотно трча.
Дополнително на ова родителите треба да го планираат трошокот за осигурување во училиштата, за дополнителни курсеви, како и за дополнителни униформи освен оние кои ќе ги добијат од општините.
– Кога се ќе се собере, потребни се околу 100 евра само на почетокот на школската година, се согласуваат повеќето родители.
Учебниците се бесплатни, а дел од општините им помагаат на родителите со подароци – ранци и прибор за првачињата, но и парични средства.
Сепак, родителите велат дека во овој период популарната понуда низ маркетите и книжарните позната како „Back to school“ „ги гори“ родителите, особено оние на 2 или повеќе деца.
Во соседна Србија меѓу производите чии цени ќе бидат замрзнати во во текот на септември и октомври ќе се најде и училишниот прибор. Премиерот на Србија Милош Вучевиќ појасни дека се одлучиле за поголем попуст од минатата кампања „подобра цена“ и за поголем број производи бидејќи септември и октомври се сметаат за најтешки месеци поради почнување на училишната година и почеток на грејната сезона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…