Објавено на:

Осимен го заборави Челси и ги избра саудиските милиони

t

И покрај интересот од Челси и ПСЖ, нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен одлучи да ја напушти Европа и кариерата ќе ја продолжи во саудискиот прволигаш Ал Ахли.

Фабрицио Романо утринава објави дека Наполи и Ал Ахли го договориле трансферот кој ќе изнесува меѓу 75 и 80 милиони евра плус бонуси, а Осимен ќе добие плата која не можеше да му ја понуди никој во Европа. Ќе потпише четиригодишен договор за 25-30 милиони евра, а она што е најважно, се избори во договорот да има откупна клаузула во случај да сака да се врати на европскиот фудбал.

Ал Ахли минатата сезона ја заврши на третото место во првенството на Саудиска Арабија, зад Ал Ахли и Ал Наср. Осимен за соиграчи во нмовиот клуб, меѓу другите, ќе ги има Фирмино, Марез, Менди, Демирал, Кеси итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…