Тајани: Италија е со Украина, но не е во војна со Русија
Потпретседателот на италијанската Влада и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Италија е „со Украина без никакви услови“, но дека „не е во војна со Русија“.
– Дадовме воена, политичка и хуманитарна помош, со девет пакети мерки. Ќе бидеме домаќини на конференција за реконструкција во јуни 2025 година, ќе работиме на мировна конференција. Но, ние не сме во војна со Русија. Какво овластување би требало да дадеме за да се бомбардира Москва? Каде е границата? Мораме да бидеме сериозни, избегнувајќи каква било можност за ескалација. Тоа го правиме од првиот ден, изјави Тајани во интервју за „Кориере дела Сера“.
Во однос на изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, дека Украина била нападната од руската територија и според меѓународното право може да одговори со напад на местата од каде што е нападната, Тајани изјави дека Борел зборува во свое лично име, а не во име на земјите членки кои имаат различни законодавства.
– Во секој случај, во својата улога како висок претставник, тој е на заминување, додаде Тајани
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…