Хактан за џамиите, звучниците, Иран и Скопје: Не е како што си видел на телевизија бе брат

t

ЕЗАН (повик за молитва), ЗВУЧНИЦИ, ИРАН и СКОПЈЕ – не е како што си видел на телевизија бе брат.

Периодов, повторно се актуелизира гласноста, односно, како што тоа правниот поредок го дефинира, “звучната загаденост” како резултат на молитвите кои одат на звучници во верските објекти, конкретно, од џамиите.

Пред да кажам било што во врска со регулирањето и пристапот кон решавањето на овој проблем во нашето општество, сакам да забележам една појава, која деновиве премногу често се приметува, особено во реакциите на социјалните мрежи во врска со оваа тема; појава која е типична последица на западниот културен и информативен империјализам.

Имено, бројните реакции од граѓани кои ја поттикнуваат темава, со намера да покажат дека ние треба да се огледаме на запад, со индигнација прават споредба на Скопје со Техеран – демек, џамиите се гласни како во Техеран. Ова не само што е апсолутно НЕточно, туку покажува и мрзеливост во тоа да се согледаат околностите и условите, и според тоа да се изнајде автентично решение. Затоа што за секој проблем или појава, од заедница до заедница, условите се различни, па оттаму, тоа бара и различни (не универзални, увезени) методи и пристапи кон самата социјална појава, а не препишување закони од ЕУ. И не се работи само за одредена појава, како што сега е пример со гласноста на џамиите, туку за било кој пристап кон социјалните појави, се покажува истата оваа карактеристика на колективната свест кај балканецот, која не знае за свои спесифични услови и околности, туку бара готови, наметнати и увезени од надвор. И токму ова е една од најпрепознатливите и најсвојствени карактеристики за заедници кои се колонијално супресирани и согласно тоа, културно хегемонизирани. Историскиот материјализам како оперативен метод на марксизмот се покажува како порелевантен од кога и да било: “владеачките идеи на едно време се и идеите на [материјално] владеачката класа”.

Да се вратам конкретно на Техеран (Иран) и звучната загаденост.

Не братми, во Техеран не е вака! Во Техеран има забрана за повици на молитва преку звучки, тоа се прави од минаре, или од терасата на џамијата, со гол глас. Има исклуоци за три до четири џамии од кои иде езан на звучник, но со регулирана моќност. И тоа не е својствено само за Иран, вакви регулации има во бројни исламски држави: Азербејџан, Казакстан, Узбекистан, Татарстан, Малезија, Индонезија и слично. Така да, не си правете слика за Иран преку филмовите на Холивуд и нјуз-шоуата на СНН, отворете ги малку видиците повеќе и пошироко од спектарот на снобот светлина проектиран преку проект-машината на колективниот запад.

Инаку, според мое скромно познавање на важечките правни норми, мислам дека и сега е регулирана звучната загаденост и под кои услови истата настанува, па соодветно на тоа, најверојатно предвидена е и некаква си институционална активност за спречување и намалување на таквата појава. Зошто не се спроведува, треба да се праша извршната власт.

А кога сме кај извршната власт, токму за ваквите етнички сензитивни и религиски специфични појави, постои и Министерството за односи меѓу заедниците. Тоа е институцииналната СЕКУЛАРНА рамка која треба да ги повика претставниците на засегнатите групи (во овој контекст клеровите) да им ја предочи објективната ситуација, и да изнајдат решение кое ќе го спроведат заедно. Ама кај нас тоа министерство е само алатка за задоволување на коалициони партнери, форма без суштина, “експерите” во него се партиски неписмени пиуни, клеровите низ верските објекти се бизнисмени кои се отуѓени од верниците, полицијата е клерикално инфицирана, судиите се корумпирани, медиумите платени мегафони, интелектуалците идеолошки избледени и несвесни, а верниците за жал класно несвесен и религиски изманипулиран лумпен-пролетеријат. Комбинацијата од сето ова е Македонија.

*Фејсбук статус на пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Англија: Опожарен хотел со…

Поголема група демонстранти против мигрантите упаднаа во…

Лидерот на екстремната десница во Шведска предложи…

Претседателот на екстремно десничарската партија Шведски демократи,…