Казни за месарница и супермаркет во Скопје и ресторан во Битола поради нерегуларности во работењето
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок.
-Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилен, вонредни инспекциски контроли во целата држава. Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарниоца во Скопје поради пласирање на пазарот небезбнедна хранана, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања – информираат денеска од АХВ.
Од Агенцијата додаваат дека познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања.
-Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во конткат со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство – се вели во соопштението.
Во координирана акција со Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спровела вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.
Од АХВ потенцираат дека затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен режим на сообраќај поради посетата на…
Поради официјалната посета на земјава на Претседателката…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Трамп: Можно е по изборите да го…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
(Видео) Двајца загинаа, двајца се хоспитализирани, а…
Медицински хеликоптер кој превезувал пациент се урна…
Денес се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј…
Во времето на царот Пров, во 3…