Вучиќ на Лајчак му изразил загриженост за ситуацијата на Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во „отворен и искрен“ разговор дека е крајно загрижен поради „последните насилства на Косово и Метохија, постојаното кршење на правата и загрозувањето на безбедноста на српското население од арогантните и незаконски потези на Приштина“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Побарав конкретна и недвосмислена реакција од ЕУ и од земјите членки – не само во осуда на ваквите потези, туку и во нивното спречување и заштита на Србите. Србија останува одговорен партнер на ЕУ во процесот на нормализирање на односите со Приштина, но ќе ги искористи сите достапни дипломатски средства за да го спречи теророт врз нејзиниот народ“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ и Лајчак се сретнаа денеска во Прага на маргините на Регионалниот безбедносен форум (ГЛОБСЕК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…