Пиколомини од Влае сака ХАОС ВО СКОПЈЕ: Полицијата од утре има наредба да ги стопира и казнува приватните превозници!

t

Власта на ВМРО-ДПМНЕ прави се за да направи ХАОС во Град Скопје дознава Инфомакс.

Неофицијално од извори од МВР дознаваме дека полицијата од Панче Тошковски има наредба од утре да ги стопираат и казнуваат приватните автобуси кои ќе возат и да ги носат на вонредни технички прегледи со цел да се направи сообраќаен хаос во градот и вината а ја префрлата на градоначалничката Данела Арсовска.

Целта е да се спречат приватните превозници во превозот на патници со цел граѓаните да не можат да го користат јавниот превоз особено имајќи во предвид дека од понеделник учениците почнуваат со учебната година.

Дел од пропагандата беше и објавата на неколку портали и медиуми блиски до власта кои најавија дека приватните превозници од понеделник нема да возат.

Бараме овој демант да биде објавен во целост и во ист формат како што е објавена неточната вест, велат од Град Скопје, сепак како што дознава Инфомакс приватните превозници редовно ќе возат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Македонија: Македонците се децидно против Бугари…

Францускиот предлог за надминување на спорот меѓу…

Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…

Полска приведе тројца тинејџери осомничени за подготовка…

Полските безбедносни служби привеле тројца малолетници осомничени…

Уапсен е декан во Нови Сад –…

Деканот на Факултетот за спорт и физичко…

Митровски: Прерано е да се зборува за…

Прерано е да се зборува за обид…