Давкова ги врачи пехарите на победниците на 37. Охридски пливачки маратон

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон, чиј покровител е претседателот на државата.

Во машка конкуренција прв до целта стигна бразилецот Матеус Еванжелиста за 5 часа, 45 минути и 5 секунди, а французинката Каролин Жуис е победничка во женска конкуренција, која патеката „Климе Савин“ ја исплива за 5 часа 46 минути и 51 секунда.

Доделувајќи ги пехарите на годинашните победници на Охридскиот маратон, Сиљановска Давкова упати честитки до првопласираните пливачи и до сите останати натпреварувачи на маратонот, посакувајќи им добро здравје и уште многу натамошни спортски успеси.

На годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон учествуваа деветнаесет пливачи од девет држави, единаесет во машка и осум во женска конкуренција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Можно е по изборите да го…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

(Видео) Двајца загинаа, двајца се хоспитализирани, а…

Медицински хеликоптер кој превезувал пациент се урна…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Утрото ќе биде ведро и студено. Во…

Германија очекува нови руски хибридни напади

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…