Вистински егзодус: Во последните седум години бројот на ученици во Македонија се намалил за 17 илјади
Пред почетокот на учебната година, во основните и во средните училишта низ Македонија ќе има околу 245.000 ученици. Според „Радио Слободна Европа“ споредбено со изминатите седум години, истата е намалена за 17.000 ученици, што го покажува егзодусот во последната деценија од земјава.
„Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лошите политики, не само во образованието, туку во сите општествени сегменти“, изјави нминистерката за образование и наука Весна Јаневска, најавувајќи промени во образовниот процес.
Министерството за образование и наука (МОН) за оваа учебна година ветува дека на првиот училиштен ден децата ќе имаат учебници или наставни материјали по сите предмети, освен за странски јазици бидејќи, според објаснувањето, тендерот пропаднал и во тек е жалбена постапка.Годинава учениците нема да имаат пролетен распуст кој за првпат беше воведен претходната учебна година
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…