Тренчевска: Без образовни асистенти на првиот училишен ден – ова е дно!
Образовни асистенти за децата со попреченост на првиот училишен ден ќе нема. Ова е дно! На сите над 800 досегашни асистенти договорите им се прекинати. Ќе имало огласи за нови!, вели пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска во објава на Фејсбук.
-Која нечувствителност од Весна Јанева. Нема да ја наречам министерка оти не заслужува! Таа се покажа и до сега дека е неспособна, лоша, без емоции за децата и наставниот кадар (освен за името што ќе заплачеше). Ѓон!, наведува Тренчевска.
Децата со попреченост се навикнати на своите досегашни асистенти. Секоја промена кај нив предизвикува емоционална реакција. Ако не знаете советувајте се со експерти или најдобро со родителите на овие деца. Не сте нормални! Толку!, вели Тренчевска во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е декан во Нови Сад –…
Деканот на Факултетот за спорт и физичко…
Митровски: Прерано е да се зборува за…
Прерано е да се зборува за обид…
Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара,…
По барање на Основното јавно обвинителство во…
МВР поднесе кривична пријава за насилникот од…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31)…
Ина МногуФина со осуда за насилникот што…
Објава на Фејсбук на Ина МногуФина по…