Практично се враќаат визите?! Од 10ти ноември нови правила за влез во земјите членки на ЕУ
Нови правила за влез во Европската Унија (ЕУ) ќе има за граѓаните на Македонија и други земји кои не се членки на Унијата и истите ќе почнат да важат од 10 ноември оваа година
Тогаш треба да стартува новиот систем за влез/излез (ЕЕС). Со овој систем ќе бара од патниците да ги регистрираат своите биометриски информации кога пристигнуваат на граничен премин. ЕЕС е поврзан со Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), кој пак треба да почне да се применува во првата половина на 2025 година.
Системот за влез/излез е автоматизиран ИТ систем за регистрирање на државјани кои не се членки на ЕУ кои патуваат на краток престој (90 дена во кој било период од 180 дена), секој пат кога ќе ги преминат надворешните граници на која било од земјите членки на ЕУ. Тој електронски ќе го регистрира времето и местото на влез и излез на државјани од трети земји (не-ЕУ) и ќе го пресмета времетраењето на нивниот овластен престој.
Тој ќе ја замени обврската за печат на пасошите на државјаните на трети земји. Со воведувањето пак на ETIAS, граѓаните на земји кои не се членки на ЕУ ќе треба да аплицираат онлајн за да патуваат во ЕУ за краток престој и да платат такса од 7 евра.
Откако ќе добиете дозвола за влез, овластувањето ќе важи три години или додека не истече патниот документ користен при аплицирање. Ако добиете нов пасош, ќе треба да добиете ново овластување за патување
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…