Стано: Одговорните за евентуална ескалација на тензиите во Косово ќе сносат последици

t

Европската комисија смета дека последните случувања во Косово претставуваат некорисен и уште еден некоординиран едностран потег, што може да доведе до зголемување на тензиите и ескалација на и онака нестабилната ситуација на теренот, изјави денеска главниот портпарол на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Европската Унија сега до властите во Приштина ќе ја пренесе нашата позиција и нашето несогласување со овие некоординирани еднострани потези.

Имавме заклучоци на Европскиот совет минатата година во кои земјите членки беа многу јасни дека одговорните за продолжување на ескалацијата ќе сносат последици, додаде Стано во одговор на прашање што ќе преземе ЕУ во врска со „упадот на косовската полиција во српските институции во Косово и попречувањето на вработените да пристапат до нивните работни места“.

Запрашан кога може да се очекува следната рудна разговори меѓу шефовите на српскиот и косовскиот преговарачки тим, Стано одговори дека засега не може да каже датум за одржување на таквата средба и покрај најавите дека посредникот на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак ќе отпатува за Приштина со цел да договори продолжување на преговорите.

– Наша цел е да обезбедиме средба на шефовите на преговарачките тимови што е можно побрзо, бидејќи на масата има многу прашања што треба да се решат, додаде Стано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…