ВМРО-ДПМНЕ молчи: Касами се пофали, ги унифицираме учебниците со Косово и Албанија
На новинарските прашања дали унифицираниот буквар за првачиња со мајчин албански јазик во Албанија и во другите држави, има одобрение од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Касами тврди дека е така.
– Сигурно чим е пуштен во употреба, во Македонија има одобрение. Тој ќе биде поделен на сите училишта со образование на албански јазик и ќе биде користен како дополнителен материјал и сигурно ние ќе работиме во следниот период, тоа да се намали да биде и учебник кој ќе биде користен од сите ученици не само во Македонија, нели како што е и одлуката за сите Албанци. Тоа е учебник, унифициран за сите Албанци во Албанија, Косово, Македонија и секаде кај што живеат Албанците. Тоа е буквар со што Албанците првачиња ги учат буквите, рече Биљал Касами.
Градоначалникот истакна дека годинава ќе има учебници за сите ученици.
– Во текот на оваа недела ќе имаме подетална слика колку книги се распоредени по учениците и колку ќе треба дополнително да се распределат. Во делот на наставниот кадар, исто има потреба перманентна потреба за повеќе наставен кадар. Веќе работиме сериозно и во делото на целодневна настава. Значи тоа е процес за подобрување на условите во нашите основни и средни училишта, но ова е година прва со новата влада и веќе посериозно работиме во делот на подобрување на овие услови, но сигурно дека треба време и треба повеќе ресурси за тоа што не е направено со години на назад да направиме ние во следниот период.
Од ОУ „Лирија“, Касами најави дека се подготвува проект за изградба на нов училишен објект за тоа училиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…