Упад во македонското образование со амин на министерката: Во Скопје се делеше албански буквар унифициран со Косово и Албанија

t

Беше голема чест да се достави албанскиот буквар на првачињата во ОУ „Лирија“ во Скопје. Азбуката е основата на албанскиот јазик, додека унифицираниот буквар е показател на нашите напори за заштита и негување на стандардниот албански јазик.

Учениците Албанци во Северна Македонија од денеска ќе ги учат златните букви од албанската азбука исто како и нивните врсници во Албанија и Косово. Тоа е дефинитивно суштински чекор во одржувањето на нашиот национален идентитет во ера на глобализација.

Тоа беше посебен момент за сите нас, кој долго ќе го паметиме. Им благодарам на воспитувачите и учениците за прекрасната програма подготвена за овој ден и на Инстутот за духовно и културно наследство на Албанците за донацијата на азбуките.

Фејсбук статус на првиот вицепремиер Изет Меџити

На новинарските прашања дали унифицираниот буквар за првачиња со мајчин албански јазик во Албанија и во другите држави, има одобрение од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Касами тврди дека е така.

– Сигурно чим е пуштен во употреба, во Македонија има одобрение. Тој ќе биде поделен на сите училишта со образование на албански јазик и ќе биде користен како дополнителен материјал и сигурно ние ќе работиме во следниот период, тоа да се намали да биде и учебник кој ќе биде користен од сите ученици не само во Македонија, нели како што е и одлуката за сите Албанци. Тоа е учебник, унифициран за сите Албанци во Албанија, Косово, Македонија и секаде кај што живеат Албанците. Тоа е буквар со што Албанците првачиња ги учат буквите, рече Биљал Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија очекува нови руски хибридни напади

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…

Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…

Паралелно со геополитичката криза се развива уште…

Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…

Иран се подготвува за поширок и посилен…

Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…

Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…

Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…

Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…