ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Ангела ги собра потребните пари за операција – Заминува во Турција!
Ангела Нацева објави прекрасна вест, средствата кои беа потребни за нејзина операција во Турција се собрани и таа заминува на операција.
– Благодарение на Фондација Павел Андреев Македонија преку која беше организарана мојата кампања и преку која ќе биде плаќањето и благодарение на сите вас кои дониравте на било каков начин за мене. ПОТРЕБНАТА СУМА ЗА МОЈАТА ОПЕРАЦИЈА Е СОБРАНА и јас заминувам во Р. Турција каде што ќе биде направена мојата операција.
Ви благодарам на сите од срце, бидете живи и здрави – напиша Ангела на Фејсбук.
Редакцијата на Инфомакс се заблагодарува на сите наши читатели и хумани граѓани кои помогнаа во собирањето на средствата. Ѝ посакуваме на Ангела брзо оздравување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Успешна револуционерна операција на бебе во…
Лекари извршиле револуционерна операција на неродено бебе…
Да ѝ помогнеме на Магдалена
Апел за помош. Магдалена е прекрасно, насмеано…
Револуција во прилепското здравство: Спасена рака со…
Во Општата болница во Прилеп е изведена…
Првпат во државата изведена трансплантација на менискус
За првпат во Македонија е изведена трансплантација…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…