Објавено на:

(Видео) Јенкис го хоум: Американски војници нападнати во западна Турција

t

Националистичка група турска младина во понеделникот физички нападнала двајца американски војници во западна Турција, соопштија американската амбасада во Турција и канцеларијата на гувернерот во Измир, додавајќи дека поради инцидентот биле приведени 15 напаѓачи .

Членовите на Турската младинска унија (TGB), подмладокот на националистичката опозициска партија Ватан, физички нападнале двајца американски војници облечени во цивилна облека во градот Измир, соопшти доцна во понеделникот канцеларијата на гувернерот.

Петмина нивни колеги им дошле на помош на нападнатите војници откако го виделе инцидентот. Полицијата интервенирала и ги привела сите 15 напаѓачи, а покрената е истрага, се наведува.

Американската амбасада во Анкара претходно во понеделникот соопшти дека воениот брод „USS Wasp“ оваа седмица бил во пристаништето во посета на градот Измир, на егејскиот брег.

Портпаролот на Белата куќа рече дека Вашингтон е вознемирен од нападот, но додаде дека е благодарна што турската полиција сериозно ја сфаќа работата и бара одговорност.

TGB објави видео на X на кое се гледа како групата држи маж на улица и му става бела качулка над главата, извикувајќи пораки. „Американските војници кои ја носат крвта на нашите војници и илјадници Палестинци на своите раце не можат да ја извалкаат нашата земја. Секогаш кога ќе стапнете во овие земји, ние ќе ве пречекаме како што заслужувате“, порачува TGB.

Односите меѓу САД и Турција веќе подолго време се затегнати поради сојузништвото на САД со сириските Курди, кои Турција ги смета за фракција на Работничката партија на Курдистан (PKK) која е на листата терористички организацации на Труција, САД и ЕУ, и купувањето на руските одбранбени системи С-400 од страна на Анкара која беше претходно одбиена од западните сојузници во НАТО да ѝ обезбедат противвоздушни системи а под нивен притисок го раскина договорот со Кина за правење заеднички систем,
Несогласувања има и за израелската војна во Газа, каде според властите во Газа загинаа над 40.000 луѓе, а за која турскиот претседател Таип Ердоган остро го критикуваше Вашингтон.

Претходно овој месец, американскиот амбасадор во Турција рече дека американско-турските односи сега се подобри отколку што беа во последно време и ја истакна корисната улога што Турција ја одигра во неодамнешната размена на затвореници меѓу Соединетите држави и Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…